Инвестициите се зголемуваат на околу 65 милиони/зголемен обрт од 14% /во пораст и решенијата за е-трговијата и „Home Delivery“
Меѓународната компанија за транспорт и логистика Gebrüder Weiss ја заврши минатата деловна година 2017 со пораст на обртот од околу 14%. Така, моменталниот нето-обрт изнесува околу 1,55 милијарди евра. Предминатата година беше 1,36 милијарди евра. Одлучувачко за позитивниот биланс покрај добрата економска положба беа и регионалното проширување во Европа, Азија и Северна Америка, како и најновата аквизиција на компанијата во јужна Германија. Вкупно Gebrüder Weiss инвестираше околу 65 милиони евра во развој на својата мрежа и на тој начин го дуплираше инвестицискиот волумен во споредба со предминатата година (2016: 32,7 милиони евра).
„Со напредните инвестиции во локации, инфраструктура и персонал, 2017 година беше извонредна година за Gebrüder Weiss“, изјави Волфганг Ниеснер, претседавач на Одборот на директори на Gebrüder Weiss. „Сакаме на нашите клиенти да им понудиме единствени стандарди за квалитет во светот. Во голема мера се приближивме кон оваа мисија. Особено во областа на патниот сообраќај и логистичките решенија остваривме извонредни резултати и на тој начин во еден конкурентна средина да го зголемиме обртот за 15,6 проценти, односно 1.041,3 милиони евра.“
И квотата на сопствениот капитал уште еднаш лесно порасна и изнесува 59%, со што се потенцира високата финансиска стабилност на компанијата. Бројот на вработени во споредба со предминатата година се зголеми за 4,7% и сега изнесува 6724 вработени (еквивалент со полно работно време).
Светско продлабочување на мрежата
Друг пресврт во 2017 година компанијата направи со воспоставувањето на прекуокеанската мрежа. Во САД компанијата основа сопствена организација со седиште во Чикаго и на неколку други локации во Њујорк, Атланта, Бостон, Далас и Лос Анџелес. Своето присуство го зацврсти и во кинеските трговски центри: Со четири нови локации во Хонгконг, Шензен, Занјианг и Гуанзу Gebrüder Weiss ја прошири својата источно азиска мрежа и на тој начин во Кина има 18 локации кои на клиентите покрај услугите за воздушен и поморски транспорт им нудат и логистички решенија и локална дистрибуција. Со основањето на претставништвото во Ереван, Ерменија, се затвори дупката на поранешниот пат на свилата меѓу Европа и Азија. Друга локација на арапскиот полуостров Gebrüder Weiss отвори во Абу Даби.
Во Германија има четири нови канцеларии за воздушен и поморски транспорт во Хамбург, Дизелдорф, Франкфурт и Минхен. Јужногерманската мрежа на патен транспорт ја продлабочи компанијата со преземање на Deutsche Transport Compagnie Erich Bogdan GmbH & Co. KG (DTC) со седиште во Нирнберг. Во Тирол беше интегрирана компанијата за логистика Kapeller како 100-процентна фирма-ќерка во мрежата на Gebrüder Weiss. Освен тоа, компанијата ги зголеми своите логистички удели во повеќе подружници во Австрија, Чешка и Романија.
Развој на услуги
Но компанијата не поентираше само во развојот на мрежата. Зголемено е и портфолиото на услуги. „Владеењето со целиот логистички синџир на многу глобални компании денес им нуди одлучувачка конкурентна предност“, изјави Ниснер. „Затоа не се стремиме кон зголемување на бројот на нашите клиенти само како транспортна компанија во класична смисла.“ Денес постои потреба од логистички решенија во зависност од индустријата. Затоа компанијата за напредната технологија и автомобилската индустрија основа Competence Cluster, кој ги анализира посебните барања на овие индустриски гранки и затоа развива посебни решенија. Во услугите за компаниите од областа на технологијата покрај класичните услуги за складирање, обезбедување и дистрибувија спаѓаат и концептите за безбедност и техничка дистрибуција, вклучително и инсталација на големи електронски уреди. Портфолиото на услуги за автомобилската индустрија опфаќа и испораки Just-in-Time директно во фабриката, логистика во самите компании и покривање на регионите надвор од границите како меѓународен шпедитер.
Исто така во развојот спаѓа и областа „Home Delivery“. Под називот GW pro.line home Gebrüder Weiss овозможува опсежни логистички услуги во сферата на крајниот клиент. Пред сè, продавниците за електроуреди и мебел, како и е-компаниите во изминатата година ги користеа овие услуги. Така, експертот во логистика со околу 300.000 испораки во 2017 година може да се пофали со својата позиција како лидер на пазарот во Австрија во овој бизнис-сегмент. Покрај Австрија услугите на GW pro.line home моментално се користат во Чешка, Србија, Хрватска, Унгарија и Словачка.
Кај Gebrüder Weiss Службата за пакети (GWP), партнер на DPD Австрија, уделот на приватни клиенти порасна за девет процент со дополнителните иновативни услуги. DPD во Австрија забележува вкупен пораст во испораката на пакети од над три милиони на 46,5 милиони пакети.
Фирмата-ќерка на Gebrüder Weiss inet-logistics во средината на 2017 година беше продадена на Castik Capital. Со дополнителниот капитал на фондот за развој од Луксембург, компанијата за софтвер сака да ја изгради својата позиција како еден од светските водечки понудувачи на клауд системи за менаџмент на транспорт и портали за карго.