Мисија

Delivering the best supply chain solutions for our customers' success with minimal environmental impact.

Delivering the best supply chain solutions ...

Со повеќе од 500-годишна историја, Gebrüder Weiss е најискусната логистичка компанија во светот. Денес сме активни во сите логистички дисциплини со над 8600 високо-квалификувани работници: Копнен транспорт, логистика на складишта, воздушен и поморски транспорт, пакети, дигитална логистика и управување со синџир на набавка. Нашето позиционирање ни овозможува да најдеме сеопфатни и меѓународни концепти за каналите за набавка и дистрибуција за нашите клиенти

... for our customers' success ...

Денешните економски циклуси се дигитални и глобални. Затоа, добивањето соодветна логистичка поддршка е сѐ поважно ако сакаме да имаме успешен бизнис-модел. Испорачуваме паметни решенија со кои нашите клиенти се издвојуваат на пазарот и отвораме нови можности. Нашата амбиција: Логистиката мора да има мерлив придонес кон успехот на нашите клиенти.

... with minimal environmental impact.

Досега, просперитетот и потрошувачката на ресурси беа директно поврзани. Но, ова мора да се смени. Во Gebrüder Weiss сме активно посветени на одржлива иднина за секторот за мобилност. Ја тестираме и поттикнуваме мобилноста која е на погон на електрична енергија и на водород. На новите локации инсталиравме фотоволтаични постројки и со тоа станавме енергетски независни. Имаме своја ветроелектрана во Северна Германија. Ние сме партнер кому му веруваат кога станува збор за истражување на мобилноста. Нашата цел е да понудиме еколошка алтернатива за секоја потреба која остава и најмал можен отпечаток.

Сакаме да ја обликуваме иднината на логистиката

Се фокусираме на решенија со кои се заштедуваат ресурси и со кои се промовира иднина на мобилност.

Ние сме и ќе останеме независен семеен бизнис за да можеме да одговориме на брз и флексибилен начин на побарувањата на пазарот.

Потребите на нашите клиенти се во средиштето на сето она што го работиме.