Без разлика дали имате контејнерски товар или посебни потреби за транспорт: како проверен и сигурен поморски превозник ги доставуваме вашите пратки брзо и професионално - преку кое било пристаниште по ваш избор низ целиот свет.
Gebrüder Weiss изнајмува фиксни капацитети на клучните линии и затоа може сигурно да гарантира простор за товар. Ги следиме вашите стоки со помош на најмодерни ИТ-системи. Во комбинација со нашите високи оперативни стандарди, тоа значи врвна транспарентност и сигурност во планирањето за нашите клиенти.
Исто така, ве информираме за различните дополнителни барања – како што се царинските прописи и осигурувањето – и ви помагаме да ги добиете потребните документи за увоз и извоз. Ова значи дека целиот транспортен процес го надгледува еден тим: нашите професионалци за поморски товар.
Мрежа
Благодарение на нашата глобална мрежа, вршиме испорака на поморски товар до и од кое било пристаниште ширум светот. Без разлика дали станува збор за Хамбург, Хонг Конг или Лос Анџелес - ги опслужуваме сите поголеми пристаништа и нудиме секојдневни врски.
Дигитални решенија
Преку нашиот дигитален портал за клиенти, myGW, обезбедуваме транспарентност на целиот процес за поморски транспорт. Управување со нарачки, следење пратки, управување со секакви документи или барања – со myGW, сè ви е на дланка.
Царина
Запознаени сме со сложените царински прописи и процедури ширум светот и ви помагаме во непреченото обавување на сите царински формалности. Нашите експерти осигуруваат дека се испочитувани сите царински прописи како одложувањата би се свеле на минимум.
Осигурување
Сигурноста на вашиот товар е наш најважен приоритет. Затоа нудиме сеопфатни решенија за осигурување како оптимално би ја заштитиле вашата пратка за време на транспортот.
FCL/LCL
Без разлика на големината на вашата пратка, нудиме флексибилни можности. Без разлика дали станува збор за FCL (полн контејнер) или LCL (товар кој не зафаќа цел контејнер), ќе го најдеме најдоброто решение за вашите конкретни барања и ќе ги оптимизираме трошоците за ефикасен транспорт.