Логистичката компанија постави амбициозни цели/ планирани се инвестиции во алтернативни погони од десет милиони евра/ поднесен е извештајот за одржливост
Како современа логистичка компанија, Gebrüder Weiss со својата стратегија за одржливост GWcares, постави цел постепено да го намали јаглеродниот отпечаток на компанијата на нула, со цел да ги направи компаниските логистички капацитети климатски неутрални до 2030 година. Ова е еден од начините на компанијата за соочување со својата одговорност и свој придонес во напорите за исполнување на глобалните климатски цели. Gebrüder Weiss внимателно ќе ги разгледа емисиите на CO₂ на сите 180 локации. Компанијата изврши квантификација на тековните емисии на CO₂ и потрошувачката на енергија на своите локации во тековниот извештај за одржливост. Емисиите треба значително да се намалат ‒ до десет проценти годишно.
Извештајот за одржливост исто така ги истакнува важните мерки што треба да се преземат за постигнување климатска неутралност и начините на коишто нашите современи логистички капацитети можат да ги искористат сите достапни можности за заштеда на енергија и намалување на зависноста од ограничените ресурси. Инсталирањето фотоволтаични (PV) системи на покривите на логистичките терминали има важна улога, при што 18 такви инсталации веќе постојат во Gebrüder Weiss. Заедно, овие инсталации генерираат повеќе од 4.600 мегават часови струја годишно и моментално задоволуваат 18 проценти од потребите за електрична енергија на групација. Целта е да се зголемува овој удел за 15 проценти секоја година со дополнително зголемување на бројот на PV инсталации. Gebrüder Weiss исто така инсталираше систем за надгледување на енергијата на своите локации во Европа, за да ја следи ефективноста на овие напори, и планира да го распореди ширум светот во наредните години.
Инвестиции во алтернативни погони
Gebrüder Weiss, исто така го зголемува уделот на алтернативните погони во тешкиот транспорт и развива решенија со ниски емисии за последната милја. Во поширокото градско подрачје на Виена се користи електричен камион за транспорт на куси растојанија, a испораките до крајните корисници во Австрија се вршат со електрични комбиња. Згора на ова, еден од првите светски камиони на водород (H2) се користи редовно во Швајцарија од јануари 2021 година, а се планира воведување na уште пет H2 камиони во Германија, во 2023. Gebrüder Weiss исто така работи со партнерите и конкурентите за воведување камиони на горивни ќелии во Австрија. Компанијата има намера да инвестира околу десет милиони евра во алтернативни погонски системи до 2025 година.
Дополнителни информации за активностите на Gebrüder Weiss во полето на одржливоста ќе најдете на: https://sustainability.gw-world.com/sustainablity-report-2021/