Gebrüder Weiss транспортира експерименти за ракетната мисија на Шведската вселенска корпорација

October 28, 2022

Научните тестови во бестежинска состојба се во фокусот на мисијата во северна Шведска

Интернационалната транспортна компанија Gebrüder Weiss е официјален логистички партнер за ракетната мисија SubOrbital Express на Шведската вселенска корпорација (ШВК), и ќе превезува дванаесет научни експерименти за овој проект до Кируна, северна Шведска. ШВК ќе ја спроведе мисијата „SubOrbital Express 3 (S1X-3M15)“ во Esrange вселенскиот центар во близина на Кируна, од 14 до 24 ноември, каде што експериментите ќе лебдат во вселената, при што ќе се проучува нивното однесување во бестежинска средина. Целта е да се добијат релевантни сознанија за истражувањето и работата на астронаутите во вселената.

„Како Шведска вселенска корпорација, им овозможуваме на универзитетите, истражувачките тимови и новоформираните компании да спроведуваат истражување во вселената. Мноштво од експериментите имаат директни последици врз науката, и на тој начин можат да влијаат врз целиот свет“, вели Stefan Krämer, програмски менаџер за SubOrbital Express, Шведската вселенска корпорација. Логистиката исто така игра важна улога во спроведувањето на проектот: „Од суштинско значење е опремата да се достави до ракетниот дострел навремено и уште поважно ‒ безбедно. Gebrüder Weiss е логистички партнер кому навистина можеме да му веруваме“, вели Krämer.

Frank Haas, управител на Corporate Brand Strategy & Communications во Gebrüder Weiss: „Ја поддржуваме Шведската вселенска корпорација со нашата логистичка експертиза и би сакале да придонесеме за понатамошен развој на вселенските патувања. Мобилните проекти што се насочени кон иднината, како на пример ракетната мисија, имаат важна улога за Gebrüder Weiss.“ Само минатата година, Gebrüder Weiss ја покажа својата способност во логистиката во Израел за време на симулацијата на мисијата на астронаутите на Марс.

За мисијата „SubOrbital Express 3“
Дали часовниците ќе ги издржат силите и вибрациите на лансирањето ракета? Како може подобро да се следи здравјето на астронаутите во вселената? Како се однесуваат клетките во телото кога не се повеќе изложени на влијанието од гравитацијата? ‒ Овие тестови во бестежинска состојба, вклучувајќи и низа други, ќе бидат фокусот на истражувачките тимови од Австралија, Костарика, Португалија, Италија, Лихтенштајн, Германија, Швајцарија, Белгија и Шведска во 15-тата ракетна мисија на ШВК.

Gebrüder Weiss го организира транспортот на експериментите од седиштето на ШВК во Солна, во близина на Стокхолм, до Кируна во северна Шведска, оддалечена 1.200 километри. Тестовите ќе бидат испратени во вселената од вселенскиот центар Esrange на 22 ноември. Параболичната траекторија ќе резултира со шест минути бестежинска состојба. Експериментите ќе слетаат во ненаселена област, северно од Esrange, од каде што ќе бидат вратени во базата со хеликоптер, и потоа евалуирани од истражувачите.

Stefan Krämer (Шведска вселенска корпорација) за значењето на мисијата

Media

Press Contact
Merlin Herrmann

Merlin Herrmann

press@gw-world.com

+43.5574.696.2169