Делумен и целосен товар

GW direct.line: Директно. Брзо. Поединечно.

GW direct.line е идеален систем за директен транспорт на вашиот делумен и целосен товар низ Европа. Благодарение на нашите современ возeн парк, вклучувајќи ги и нашите сопствени возила и подизведувачи, како и развиената мрежа од локации за испорака, ги носиме вашите пратки до одредиштето во Европа навремено, безбедно и преку најефикасната рута. Ова ви овозможува флексибилност и сигурност при планирањето, благодарение на индивидуално договореното времетраење и флексибилното време на поаѓање.

Нашиот портал за корисници myGW ви овозможува и пристап до разни дигитални услуги што ви ја олеснуваат секојдневната работа: од управување со сопствените нарачки и следење на пратката, вклучувајќи го и проценетото време на пристигнување (ETA), и пристап до потребната документација.

Побарајте веднаш

Палета на производи

LTL – Збирен камионски утовар (нецел камион)
FTL – Целосен камионски утовар (цел камион)
Комбиниран транспорт
Индустриски решенија
Преглед на производите
LTL – Збирен камионски утовар (нецел камион)

LTL – Збирен камионски утовар (нецел камион)

  • Нашите експерти за организирање транспорт го консолидираат и оптимизираат вашиот збирен товар и изнаоѓаат флексибилно и ефикасно решение што ги задоволува вашите потреби.
  • LTL опфаќа пратки од 5 палети, 2000 kg, 2 метра товарен простор или 10 метри кубни.
  • Ви нуди придобивка од атрактивни транспортни цени и сеопфатната услуга.
  • За помали пратки, ви нудиме разни опции преку производот GW pro.line.
FTL – Целосен камионски утовар (цел камион)

FTL – Целосен камионски утовар (цел камион)

  • Покрај доставата со LTL, нашиот производ FTL ви нуди директна линија за пристигнување на вашата пратка до посакуваното одредиште.
  • Со задоволство ќе организираме целосен камионски утовар со потребната камионска опрема во рамките на Европа – директно, флексибилно и без доцнење.
  • Ви нуди максимална ефикасност, флексибилност и сигурност при транспорт на вашите пратки.
Комбиниран транспорт

Комбиниран транспорт

  • Комбинираниот транспорт нуди поеколошка алтренатива од копнениот транспорт.
  • Интегрира алтернативни начини на транспорт за да добиете предвидено време на транзит и намалување на емисиите на јаглероден диоксид.
  • Придонесува за одржливост и овозможува предвидено и економично време за достава.
Индустриски решенија

Индустриски решенија

  • Искористете ги нашите приспособени индустриски решенија за одредени локации.
  • Приспособен транспорт за врвна технологија, храна, автомобили и друго.
  • Потпрете се на специфичните знаења за индустријата на нашите специјалисти за транспорт.
Преглед на производите

Преглед на производите

За детален преглед на нашата палета на производи, може да ја преземете оваа папка.

Преземете веднаш

Дополнителни услуги

Што велат нашите клиенти

  • 01
  • 02
  • 03
Координацијата на пратките во подружниците и земјите на GW, во голема мера ги поедностави нашите деловни процеси.
Christoph Bollig, Henkel
Logo
Ја цениме нашата конструктивна стручна соработка со Gebrüder Weiss.
Michael Kröhl, Krombacher
Logo
ЕТА ни овозможува да им понудиме информации во реално време на нашите клиенти, а со тоа и високо ниво на сигурност при планирањето.
Robert Bernhard, Sika Österreich GmbH
Logo