Во Gebrüder Weiss веќе со генерации точно знаеме која е нашата обврска: Ги оживуваме вредностите во секојдневната работа. Програмата за усогласеност е начин на кој Gebrüder Weiss ги применува овие вредности во поглед на денешните предизвици, чија цел е да се исполнат побарувањата и на клиентите и на властите. Оваа програма за усогласеност ја сочинуваат четири столба. кодекс за однесување, антикорупциска политика, управување со трети страни и редовна обука на вработените за прашања кои се однесуваат на програмата за усогласеност.
Портал за усогласеност
Усогласеноста е прашање што станува сè поважно со оглед на експанзивниот раст на компанијата во странство и бројот на законски барања што постојано се зголемува. Затоа Gebrüder Weiss формираше организација за усогласеност со службеници како неутрални контакти кои се тука за да одговорат на секое прашање кое се однесува на усогласеноста. Доколку сметате дека е прекршен некој закон кој влијае на Gebrüder Weiss, можете да ни пишете анонимно преку Порталот за усогласеност.
Внимателно ќе ги разгледаме сите доставени информации и ќе преземеме соодветни мерки.