Нашата програма за нула емисии ви дава можност целосно да ги неутрализирате емисиите на CO2 кои ги генерираат вашите пратки - така што ќе поддржите сертифициран проект за заштита на климата.
„Со нула емисии им помагаме на нашите клиенти да станат климатски неутрални и да постигнат избалансиран еколошки отпечаток.“
Волфрам Сенгер-Вајс, извршен директор
Најпрво се мерат емисиите на стакленички гасови генерирани од одреден процес, компанија или услуга итн. (јаглероден отпечаток). Во следниот чекор се врши компензација по пат на сертификати (и кредити за намалување на емисиите), каде што преку проекти за заштита на климата се урамнотежува количината на емисии.
Го користиме ЕcoTransIT за пресметка на количината емисии CO2 , каде што системот за управување со транспорт (TMS) во Gebrüder Weiss ја обезбедува базата на податоци. Во оваа методологија земени се предвид сите делови од транспортниот процес, како и специфичните начини на транспорт што се користат.
Формулата што ја користи EcoTransIT за пресметување на емисиите е во согласност со европскиот стандард DIN EN 16258 и рамката GLEC.
Пример: Транспорт на палети од точка А / Австрија до точка Б / Унгарија
Ако претпоставиме дека цената е 15 евра по метрички тон CO2и емисиите на CO2 помеѓу A и Б се 0,04296 метрички тони, пратката целосно се компензира на 65 евроценти (15 евра x 0,04296 метрички тони/ CO2). Gebrüder Weiss ги вложува 65-те евроценти од клиентот во сертифициран проект за заштита на климата со што целосно се неутрализираат емисиите.
И покрај сите напори, сѐ уште се генерира CO2 при најголемиот дел транспортни операции. Овие емисии можат да се компензираат со проектите за заштита на климата на пр. со пошумување на шумите и со зголемена употреба на обновливите извори енергија. Независните организации го следат генерирањето на емисии и ги пресметуваат мерките кои се потребни за нивно неутрализирање. Во рамки на програмата на the Gebrüder Weiss за нула емисии овие чекори се спроведуваат навремено и прецизно.
Клиентот од нас добива сертификат со кој се потврдува придонесот и покажува дека сите настанати емисии се целосно компензирани.