Алтернативни погонски технологии

Во брзата лента

Gebrüder Weiss е лидер во користењето алтернативни погонски технологии. До 2025 година компанијата ќе инвестира дополнителни 10 милиони евра во оваа област. Не само што го конвертира сопствениот возен парк туку и ги поттикнува шпедитерите и подизведувачите да го следат примерот и да се префрлат на поодржливи погонски системи. Исто така Gebrüder Weiss го поддржува истражувањето за иднината на мобилноста. 

Би сакале ли да ги пробате овие алтернативни погонски системи при транспортот на вашите производи? Тогаш ние сме вашиот совршен партнер!

Контактирајте нѐ

Alternative Drive Technologies

Сопствен возен парк

Пуштање во погон електрични возила

На среден до долг рок, возниот парк на компанијата (камиони и автомобили) ќе биде заменет со алтернативните погонски системи. Во согласност со политиката за автомобилите на компанијата, GW го забрзува процесот за пуштање во погон на електрични возила.

Употреба на HVO100

Оддржлива технологија

Gebrüder Weiss користи HVO100, обновливо дизел гориво од остатоци од растително потекло, како технологија. HVO100 ги намалува емисиите на CO2 до 90% и го подобрува квалитетот на воздухот со намалување на емисиите на азотни оксиди и честички. Со опремени станици за полнење во Хол и Блуденц, како и со јавни станици за HVO100, Gebrüder Weiss веќе покрива 30% од потрошувачката на гориво за својата флота во Австрија и планира континуирано да го зголемува овој удел. Логистичката компанија исто така ја истражува употребата на HVO100 во Германија, каде што неодамна беше одобрен како алтернатива за класичниот дизел.

Технологијата на електричен погон

Локални испораки со електрични возила

Gebrüder Weiss е пионер во индустријата во користењето на алтернативни погони. Неколку локации во Австрија и Германија веќе користат електрични товарни возила за испораки кон клиентите. Почнувајќи од 2025 година, ќе додадеме уште единаесет електрични камиони N3 Mercedes eActros600, кои можат да се пофалат со импресивен опсег од 500 km.

Електрични превозни средства

Оддржлива опција за Home Delivery

Gebrüder Weiss користи еколошки е-транспортери за достава до домoвите. Во Виена, 22 од овие возила се во функција за ИКЕА, заштедувајќи приближно 150 тони CO2 годишно. Со е-транспортерите, логистичката компанија веќе испорачува стоки нарачани преку интернет до крајните клиенти во Австрија, Унгарија, Хрватска и Романија.

Електрични товарни велосипеди и триколки

Алтернативни "Зелени" испораки

Gebrüder Weiss користи еколошки транспортни решенија како што се е-карго велосипеди и е-трицикли. Во Форарлберг, вработените доставуваат пратки со тежина до 200 кг до домаќинствата и деловните субјекти користејќи е-карго велосипеди, поминувајќи до 80 километри дневно. На хрватските острови Раб и Лошињ, Gebrüder Weiss користи електронски трицикли за испорака на пакети со тежина до 500 килограми во тесни улички и помалите градчиња и села. Овие алтернативи се покажаа како ефикасни и се планира понатамошно проширување на нивната употреба.

 Hydrogen drive technology

Технологија на погон на водород

Вложување во алтернативни погонски системи

Од јануари 2021 година, еден од првите камиони во светот на погон на водород е во редовна функција во Швајцарија. Во Австрија и Германија GW соработува со партнери и конкуренти за да ги претстави камионите на погон на водород. За да го постигне ова ќе вложи околу 10 милиони евра во алтернативни погонски системи до 2025 година.

Factory transport fueled by solar power

Ракување и складирање

Фабрички транспорт на соларна енергија

Сите наши вилушкари во просториите за ракување и во магацините се на електричен погон. До 2030 година сакаме да направиме енергетски круг каде што фабричкиот транспорт ќе биде на соларна енергија којашто самите ќе ја генерираме.

Incentive system to adopt new technologies

Подизведувачи

Стимулација за прифаќање на новите технологии

За да се помогне во намалувањето на емисиите и во Опсегот 3, се развива систем за стимулација со цел шпедитерите и подизведувачите да усвојат алтернативни погонски технологии.