Ние сме експертите за логистички процеси во „реалноста“ и нудиме простор за интелигентни решенија! Предизвикувачка, забавна и примамлива – тоа е Logistics Expert, онлајн играта на Gebrüder Weiss за ајфон и ајпад. Целта на загатката со преместување товар е да се направи простор за виљушкарот со товар на GW со движење низ кутиите, палетите и другата поединечна роба кои го попречуваат патот. Предизвикот е во тоа што: сите пречки можат да се движат само во две насоки и меѓусебно делумно се попречуваат. Со најмалку можни чекори треба да се транспортира товарот до товарната рампа.
Колку поинтелигентно се игра играта и колку помалку движења се потребни, толку повеќе поени се собираат по решавањето на загатката. Logistics Expert е поделена на 160 различни нивоа со различен степен на тешкотија и на играчите им нуди различни задачи. Уште еден штос е таканаречениот Web Highscore (најдобар резултат на веб), којшто онлајн ги поврзува резултатите на сите корисници. На овој начин играчите можат да го споредат сопствениот резултат со другите играчи и да видат на кое место се во вкупното рангирање. И не само тоа – постигнатиот резултат може директно да се сподели со други лица преку Фејсбук и Твитер. Logistics Expert нуди возбудлива забава за големи и мали. Истовремено се тренираат вештините за логичко размислување. Преземете го Logistics Expert на Вашиот ајфон, ајпад, андроид смарт телефон, компјутер или МЕК и тестирајте ги вашите „вештини за логистички експерт“!