Fiscal Year 2019: Gebrüder Weiss продолжува да расте

1,7 милијарди евра профит во 2019 година / голем обем на инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата

Gebrüder Weiss се осврнува на успешната 2019 година. Меѓународната компанија за транспорт и логистика дополнително ги прошири своите позиции на пазарите во Европа, САД и Азија и повторно инвестираше во своите логистички системи, опрема и дигитализација на процесите. Со зголемување од два процента, компанијата генерираше прелиминарен нето профит од 1,7 милијарди евра во изминатата фискална година (2018 година: 1,67 милијарди евра).
„2019 година беше добра година. И покрај тешките услови, имаме позитивен развој во сите полиња и успеавме успешно да ги употребиме новите технологии за поголеми придобивки за клиентите и понатамошни поефикасни процеси. Побарувачката е особено задоволителна во полето на „Home Delivery“, каде што бевме сведоци на двоцифрен раст“, вели Волфрам Зенгер-Вајс, генералниот извршен директор на Gebrüder Weiss. Се зголеми и соодносот на акциите и сега изнесува повеќе од 60 проценти, што пак ја потврдува големата финансиска стабилност на компанијата (2018 година: 58 проценти). 

Позитивен развој во сите деловни полиња
Со консолидиран профит од 1,15 милијарди евра, секторот за патен транспорт и логистика постигна зголемување од 2,1 процент во споредба со претходната година (2018 година: 1,12 милијарди евра). Клучен двигател беше растечката побарувачка во полето на „Home Delivery“ ‒ околу 1,1 милион парчиња бела техника, мебел и телевизори беа испорачани до крајните корисници низ Австрија и Источна Европа. Со 385.000 пратки во Австрија, компанијата повторно ја потврди својата лидерска улога на пазарот (2018 година: 335.000).

Воздушниот и поморскиот товарен сектор исто така имаа зголемување од 1,3 проценти, на околу 380 милиони евра. Тензичната ситуација во воздушниот транспорт беше надоместена со зголемениот број поморски испораки. Врз основа на добро утврдената прекуокеанска структура на Gebrüder Weiss, компанијата постигна раст пред сè во транспацифичкиот и трансатлантскиот транспорт, и дополнително го прошири својот удел на пазарот во САД.

DPD Austria, чијшто партнер е Gebrüder Weiss Paketdienst, можеше повторно да ја зајакне својата позиција на пазарот како најголемата приватна служба за испорака на пакети во Австрија. Севкупно, DPD Austria-System испорача 52 милиони пакети, што значи зголемување од околу три процента во споредба со претходната година.

Логистиката како одлучувачки фактор за конкурентноста
„Логистиката станува сè поважен фактор за конкурентноста на нашите клиенти. Постои огромен потенцијал за оптимизација во вредносниот синџир и неговите процеси, којшто го анализираме заедно со нашите клиенти за да развиеме соодветни решенија“, вели Волфрам Зенгер-Вајс. Техничката основа за ова се софтверските решенија, како: следењето на пратките во реално време, дигиталното мерење на товарите, употребата на вештачка интелигенција во транспортот и планирањето или прикажувањето на очекуваното време на пристигнување (ETA). „Во процесот на испорака, придобивки од транспарентноста имаат пред сè примателите, а според тоа и клиентите на нашите клиенти. Поддршката за вработените во нивната работа доаѓа токму од употребата на овие дигитални алатки. Но, и покрај тоа, логистиката зависи од човечкиот фактор“, вели Волфрам Зенгер-Вајс.

Според тоа, инвестиции се направени не само во дигиталните туку и во физичките структури. Во Хрватска, некогашната подружница во Загреб беше заменета со помодерен логистички терминал, а најголемата локација на Gebrüder Weiss во Виена е проширена со хала за трансфер. Gebrüder Weiss го продолжи својот фокус кон својот развој долж Патот на свилата ‒ во Грузија, во Тбилиси се прошири логистичкиот центар, а присуството во Централна Азија се надополни со нова локација во Узбекистан. Вкупната инвестиција во минатата година изнесуваше 51 милион евра.

Одлична практика
Бројот на вкупно вработени (со полно работно време) се искачи за 2,4 проценти, до приближно 7.300 (2018 година: 7.100). Практикантската обука на компанијата во Австрија доби неколку награди. Практикантството е централната компонента на Gebrüder Weiss во ангажирањето работна сила во Австрија, Германија и Швајцарија, а сега и во Србија. Вкупно 264 млади лица се на обука во Gebrüder Weiss.

Фокус кон одржливи логистички решенија
Постигнати се успеси и во генерирањето алтернативна енергија и развојот на одржливи решенија за транспорт ‒ со 21.500 квадратни метри на соларни системи на локацијата во Виена, Gebrüder Weiss генерира околу 2,4 милиони киловат часови електрична енергија уште од почетокот на 2019 година. Заедно со фотонапонските системи на пет други локации, произведени се преку три милиони киловат часови струја годишно само од соларна енергија.
Додадени се дополнителни камиони на гас во возните паркови во Австрија, Германија и Србија. Освен тоа, кон крајот на 2018 година, во Виена се користат целосно електрични камиони. За оваа година, во Швајцарија се планира тестирање на хидрогенски камиони.

Покрај општествената одговорност во полето на одржливоста, според Волфрам Зенгер-Вајс, суштинска цел за иднината на индустријата е зголемувањето на фундаменталната важност на логистиката во перцепцијата на општеството: „Логистичката индустрија е иновативна и разновидна. Во споредба со производствената економија, општеството честопати не ги забележува резултатите. Нашата цел мора да биде отсликување на важноста на улогата на логистиката за крајните корисници.“

Media

Press Contact
Merlin Herrmann

Merlin Herrmann

press@gw-world.com

+43.5574.696.2169