Трговијата на интернет се развива со огромна брзина. Нудиме консултации за решенија и спроведуваме беспрекорни логистички процеси за вас. Портфолиото на GW за е-пополнување ги опфаќа сите чекори од процесот, од набавка и складирање до постапување со вратените пратки.
Без разлика дали станува збор за B2B или B2C, секој модул од нашето портфолио на услуги ви е достапен - индивидуално или флексибилно комбинирано, со докажан квалитет во стилот на Gebrüder Weiss и целосно приспособен на вашите потреби.
Посебна улога има интеграцијата на постојните платформи за е-трговија и веб-продавниците како што е Shopify со помош на стандардизирани програмски интерфејси. На овој начин овозможуваме континуиран проток на информациите од онлајн нарачката до доставата. Сето ова е во согласност со нашата дигитална стратегија „Најдоброто од двата света“.
Набавка
Навремена достава за ефикасен проток на стоки
Нудиме сигурна и навремена испорака од вашите добавувачи директно до нашиот магацин за испорака.
Складирање
Брзо истовар на стоки и првокласно складирање
Гарантираме брз истовар на вашиот испорачан товар, темелна проверка на влезната стока и резервација на залихи. Применуваме подеднакво високи стандарди во сите наши магацини на GW ширум светот и осигуруваме оптимално складирање за вашите производи.
Подигни-спакувај
Брзо подигнати и внимателно спакувани
Користиме најсовремени технологии и автоматизирани процеси при подигање за да ги обработиме нарачките на вашите клиенти точно и ефикасно. Како резултат на тоа, гарантираме дека производите се внимателно склопени и оптимално спакувани.
Достава
Сигурна достава низ цел свет
Секогаш сигурна и навремена достава. Без разлика дали се работи за пратки или општ товар, B2C или B2B, национален или меѓународен транспорт – се трудиме вашите клиенти да бидат задоволни
Управување со вратени производи
Делотворно ракување со вратени пратки за максимална сатисфакција на клиентот.
Од прифаќање на вратениот товар до негова евалуација и препродажба или рециклирање - ја оптимизираме обработката на вашите вратени производи. Секогаш со цел овој процес да биде апсолутно ефикасен и да имаме максимално задоволни клиенти.
Интеграција на продавници
Беспрекорна и автоматска обработка на нарачки
Нудиме целосно автоматизирана обработка на вашите нарачки и беспрекорна интеграција на сите релевантни информации во вашиот ERP или систем на продавница. Притоа, сите податоци се синхронизираат во реално време, со што се овозможува непречен процес, како и постојан преглед за вас и вашите клиенти.
Интеграции на превозници
За автоматска нарачка и следење на испорака
Со интегрирањето на широк спектар превозници, можеме автоматски да нарачаме испорака, вклучително и печатење етикети. Ова овозможува непречено пренесување на врската за следење до вашиот ERP или систем на продавница - обично дури и пред пратката да го напушти нашиот магацин.
Транспарентност и видливост
Транспарентен проток на стоки со нашиот портал за клиенти myGW
Нашите дигитални решенија не само што го забрзуваат протокот на стоки туку и прават процесот да биде целосно транспарентен. Без разлика дали сакате да ги надгледувате нарачките, да ги следите пратките, да управувате со документи или да испраќате неограничен број прашања - со myGW имате пристап до вашите податоци секаде и во секое време.