2.000 кубни метри на делови од постројка беа донесени од Шангај во источна Кина до Лешан на југозапад - над 2.000 километри долго патување по реката Јангце.
Реката Јангце во внатрешноста на централна и западна Кина се смета за главен, но и предизвикувачки транспортен коридор. Па затоа од големо значење се услугите како што се физибилити студии, истражувања на рути и планирање до најмалите детали. Со нашето долгогодишно искуство во речниот транспорт во Кина и нашиот широк спектар услуги кои се однесуваат на проектите и конвенционалниот транспорт (Projects & Break Bulk), нѐ радува секој предизвик и ќе го најдеме најдоброто решение за секоја задача за транспорт.
Во регионот околу реката се генерира околу 20 отсто од вкупниот бруто домашен производ на Кина - со позитивни прогнози за континуиран економски раст. Особено внатрешноста на централна и западна Кина, со своите автомобилски и индустриски центри, се смета за регион во подем. Иако инфраструктурата на копно постојано се проширува, Јангце ќе остане да биде главната артерија, па со економскиот раст дури и ќе се зголеми нејзината важност.
Со нашето долгогодишно искуство во внатрешниот воден транспорт, како и нашата посебна локална експертиза, подготвени сме да одговориме на сите предизвици како што се различните длабочини на водата и проблемите во периоди на суша, недостигот на простор за маневрирање или ограничените можности за навигација по реката за прекуокеански бродови. Кога се нашите клиенти во прашање, пречките на реката Јангце ги надминуваме стручно и ефикасно!