„Неговата ера се карактеризира со последнователна професионализација и интелeгентна експанзија“ / Од 2019 година, Волфрам Зенгер-Вајс е претседател на Управниот одбор / Јирген Бауер, досегашниот директор и регионален раководител за Исток, му се приклучува на Управниот одбор за деловната единица за копнен транспорт
Волфганг Ниснер (63) од 2005 година е на раководната позиција на меѓународниот концерн за логистика Gebrüder Weiss. Со завршување на годината, завршува и неговата крајно успешна кариера – барем во оперативна смисла. Како што најави Надзорниот одбор на компанијата, Волфганг Ниснер ќе се пензионира на 31 декември 2018 година според планот. „Волфганг Ниснер придонесе за огромен развој на Gebrüder Weiss во секој поглед“, рече Каспар Ајнем, претседател на Надзорниот одбор на Gebrüder Weiss. „Неговата ера се карактеризира со последователна професионализација и интелeгентна експанзија.“ Во текот на неговото раководење со компанијата чии корени потекнуваат од 15 век, постигна речиси двојна експанзија во сите области. Во 2004 година, Gebrüder Weiss имаше промет во висина од 700 милиони евра, а денес тој изнесува 1,55 милијарди. Бројот на локации се зголеми од 102 на 150. Бројот на вработени порасна од околу 3500 на над 7000. „Волфганг Ниснер се докажа како достоен наследник на Хајди и Пол Зенгер-Вајс и предава здрава компанија која се претставува во светот како квалитетен снабдувач во сите области на логистиката. Со своето портфолио на услуги и специфичен тимски дух, компанијата е апсолутно подготвена за иднината. За овие големи достигнувања, Волфганг Ниснер заслужува највисоко признание од Надзорниот одбор и од сите вработени во Gebrüder Weiss", вели Каспар Ајнем.
На крајот од годината, Волфганг Ниснер ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Извршниот одбор и член на Извршниот одбор на деловната единица за копнен транспорт. Предвидено е Волфганг Ниснер да го засили Надзорниот одбор на Gebrüder Weiss следната година и на тој начин да продолжи да ја поддржува компанијата.
Волфрам Зенгер-Вајс е новиот претседател на Управниот одбор
Наследникот на Волфганг Ниснер на позицијата претседател на Управниот одбор е добро познато лице: од јануари 2019 година, Волфрам Зенгер-Вајс ќе биде одговорен за среќата на меѓународниот логистички концерн. Волфрам Зенгер-Вајс е член на Управниот одбор на Gebrüder Weiss од 2005 година и е одговорен за прашањата од областа на финансиите, правото, купувањето, недвижностите, HSEQ, внатрешната ревизија и спојувањето и аквизициите.
„Волфрам Зенгер-Вајс беше вклучен во сите клучни стратешки иницијативи на компанијата во ерата на Ниснер. Уверени сме дека г. Зенгер-Вајс ќе ја води оваа компанија низ многуте предизвици во нашето време и GW долгорочно ќе ја задржи позицијата меѓу извонредните светски даватели на логистички услуги“, вели Каспар Ајнем. Волфрам Зенгер-Вајс е претседател на Австриската централна асоцијација за шпедиција и логистика од 2012 година, а во оваа функција ја поддржува Австрија како локација за логистика. Роден во Форарлберг, тој живее во Виена и редовно патува меѓу седиштето на Gebrüder Weiss во Лаутерах, Форарлберг и Виена. Волфрам Знгер-Вајс има 47 години, оженет е и има три деца.
Оставката на Волфганг Ниснер, исто така, ќе го редефинира управувањето со копнениот транспорт. Јирген Бауер (48), долгогодишниот регионален раководител за Истокот на Gebrüder Weiss, се приклучува кон Управниот одбор во рамките на деловната област. Како и во минатото, Петер Клоибер ќе биде одговорен за KEP и New Business, централните оддели за ИТ-услуги, кадровскиот оддел, и одделите за управување со брендови и комуникации, логистика и истражување и развој. Хајнц Зенгер-Вајс е одговорен за воздушниот и поморскиот транспорт, продажба и царина. „Генерално, Надзорниот одбор е многу задоволен од развојот на компанијата“, вели Каспар Ајнем. „Среќни сме што од следната година ќе останат четворица докажани раководители во Управниот одбор, кои придонесоа за успехот од изминатите години и одамна се докажа дека тие се грижат за одржување на посебната работна клима, која многумина ја опишуваат како Портокалово семејство.“
Со оваа информација за промената на највисокото раководство, компанијата сака да ги информира вработените, клиентите и партнерите што е можно поскоро за промените во Управниот одбор. Волфрам Зенгер-Вајс и Јирген Бауер ќе ги започнат своите нови задачи од почетокот на 2019 година.