Од почетокот на 2020 година, Лотар Тома е одговорен за областа воздушен и поморски транспорт во меѓународната компанија за транспорт и логистика Gebrüder Weiss. Дипломираниот економист ќе го зајакне раководството, заедно со Волфрам Зенгер-Вајс (претседател), Петер Клојбер и Јурген Бауер. Надзорниот одбор на Gebrüder Weiss ја донесе одлуката во декември 2019 г.
Како што објавија од компанијата кон средината на изминатата година, неговиот претходник Хајнц Зенгер-Вајс (45) одлучи со почетокот на новата година, да се повлече од неговата оперативна улога во раководството на Gebrüder Weiss.
52-годишниот Тома сега има многу задачи во глобалната компанија.
Денес, Gebrüder Weiss е присутна во 30 земји ‒ најзападната локација е во Сан Франциско, а најисточната во Тајпеј, Тајван. На најважните прекуокеански логистички точки, покрај експертизата во воздушниот и поморскиот транспорт, Gebrüder Weiss се позиционира и како специјалист во областа на логистички решенија и управува со сопствени терминали. Меѓу нив спаѓаат: Лос Анџелес, Чикаго, Атланта, Сингапур, Хонг Конг, Шангај и Токио. Промовираната цел на компанијата е да им понуди на своите клиенти ширум светот единствени стандарди и ИТ-решенија во областа на управувањето со ланецот на набавки (Supply Chain Management). Со оваа услуга, Gebrüder Weiss сака дополнително да ја зацврсти својата позиција меѓу водечките компании во однос на квалитетот во браншата.
Лотар Тома ја презеде неговата улога за Gebrüder Weiss во областа на воздушниот и поморскиот транспорт веќе на 1 септември 2019 г. Оттогаш постепено му беа предадени сите активности во оваа област. Тома, кој е роден во Баден-Виртемберг, повеќе од 20 години работи во областа на логистиката, и последно, како претседател на Управниот одбор беше одговорен за целосното водење бизнис на еден меѓународен концерн за логистика. Претходно тој беше на разни раководни позиции во други реномирани меѓународни компании за транспорт и логистика.