Gebrüder Weiss бележи зголемување на обртот за осум проценти

Успешна замена на генерациите / висока искористеност на копнениот транспорт / зајакната воздушна и поморска товарна мрежа во светот и Германија / зголемена побарувачка во полето на Home Delivery / потрага по стручни работници

Во добри економски услови, Gebrüder Weiss генерираше првичен нето- приход од 1,67 милијарди евра во минатата фискална година. Тоа значи зголемување од 8,3 проценти во споредба со претходната година (1,55 милијарди евра). „Многу сме задоволни со развојот на бизнисот. Ова беше добра година. И покрај големата искористеност на сите системи, бевме во можност да го одржиме квалитетот на услугите. Посветеноста кон клиентите е наш највисок приоритет“, вели Волфрам Зенгер-Вајс, претседател на Управниот одбор на Gebrüder Weiss. Gebrüder Weiss продолжува да инвестира во физичката инфраструктура, како и во дигитализацијата. Во 2018 година беа инвестирани околу 50 милиони евра. Квотата на сопствениот капитал беше одржувана на стабилно ниво на високи 58 проценти, нешто што гарантира голема независност од кредиторите.

Во 2018 година, Gebrüder Weiss имаше генерациска смена на сите нивоа – од раководството на компанијата, до регионалното раководство и тоа на фирмите-ќерки. Систематскиот развој на извршните лица ни помогна веднаш интерно да ги пополниме сите позиции. „Тоа е еден добар знак за организациска и културна сила. Поради тоа, фокусирани сме на континуитетот и со тимот сме навистина подготвени за предизвиците на дигиталната иднина“, вели Волфрам Зенгер-Вајс.

Копнен транспорт: Одлично совладани предизвици
Копнениот транспорт во 2018 година уште еднаш се докажа како носечки столб. Иако средината беше конкурентна,забележа органски раст од 7,5 проценти. Додека побарувачката продолжуваше да расте, важно беше да се совладаат предизвиците со недостатокот на возачи, карго-просторот и големата променливост во испораките. „Со помош на нашата експертиза, свесноста за квалитетот и цената, како и натпросечно посветените работници, успеавме да го одиграме ова како што треба“, сумираше Волфрам Зенгер-Вајс. Алатките за дигитализација ни помагаат да го подобриме планирањето, да ги оптимизираме процесите и да пронајдеме нови можности за комуникација.

Капацитетите на локациите во Германија и низ светот се сè уште во изградба
Во полињата на воздушен и поморски товарен транспорт, Gebrüder Weiss забележа пораст од околу 12 проценти. Една година по реориентацијата на светската мрежа, во 2018 година компанијата продолжи да инвестира во развојот на своите локации во Азија, САД и Германија, како и во проширувањето на транс-пацифичката транспортна рута меѓу Северна Америка и Азија. Освен класичните услуги на воздушен и поморски транспорт, Gebrüder Weiss им нуди пошироки логистички решенија и поголем копнен транспорт на своите клиенти во САД и Кина.

Испораката Home Delivery и натаму расте
Како фаворит во растечката интернет-трговија, полето на лична испорака позната како Home Delivery (B2C) се разви многу позитивно како дел од транспортната индустрија во поглед на обемот. Околу 900.000 пратки со потрошувачка електроника, предмети за домаќинство и мебел беа испорачани до крајните клиенти, од коишто само една третина беа во Австрија. На тој начин, логистичката компанија повторно ја одбрани својата лидерска позиција во оваа алпска република. Покрај испораката сочинета од двајца курири, Gebrüder Weiss се грижи и за монтажата и поврзувањето на таквите уреди на лице место. И во Република Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, а од скоро и во Романија, логистичката компанија опфаќа испорака на производи од меѓународни продавници за мебел, дистрибутери на електроника, железарија и алати, до самите нивни клиенти.

Раст во секторот на B2C и стабилната лидерска позиција на пазарот во поглед на B2B беше забележан и во  DPD Austria, чијшто ко-партнер во службата за пратки е Gebrüder Weiss. Со зголемување од четири проценти, работниците на DPD Austria за првпат испорачаа преку 50 милиони пакети во 2018 година.

Потрага по стручни работници
Разните рејтинзи докажуваат дека: Gebrüder Weiss е еден од најдобрите работодавачи во полето на логистика. Минатата година компанијата спроведе анкета низ цела Европа, при што беа опфатени 5.720 вработени лица во 19 земји. Резултатот: Преку 90 проценти од вработените се горди што работат за Gebrüder Weiss и ја препорачуваат компанијата како работодавач. „Gebrüder Weiss нуди широк спектар на можности за напредок во кариерата преку бројни профили на работни места. Но, не само работни места за стручните лица во полето на логистика, туку и за бизнис-аналитичарите и експертите во други полиња, како IT или HSEQ“, изјави Волфрам Зенгер-Вајс. Бројот на вработени лица во споредба со предминатата година се зголеми за околу шест пати и сега изнесува 7.112 вработени (2017: 6.724).

Повеќе информации за можностите околу кариера кај нас можете да најдете на: www.gw-world.com/greatjobs/

Press Contact
Merlin Herrmann

Merlin Herrmann

press@gw-world.com

+43.5574.696.2169